Како што известува хрватската сеизмолошка служба се очекуваат поголеми материјални штети
Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, 15 минути по 12 часот напладне.
Според хрватските медиуми, епицентарот е на 45 км југоисточно од Загреб, во близина на Петриње, каде се јавува за материјални штети, a земјотресот бил почуствуван речиси во цела Хрватска.
Како што известува хрватската сеизмолошка служба се очекуваат поголеми материјални штети.
Дневник.хр објави дека на социјалните мрежи се појавиле информации дека центарот на Петриње е разрушен, комуникациите се отежнати, а насекаде се слушаат сирени. Се уште информации за жртви.
Пациентите се изнесуваат од болниците.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ најави дека заминува во Петриње, а Владата објави дека се испратени сите расположливи ресурси во тој град.
Градоначалникот Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена во Петриње.
„Извлекуваме луѓе од автомобилот, не знаеме бидејќи имаме загинати и повредени, слушнав и дека се урна градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека други деца се спсени од другата градинка. Владее општа паника, луѓето бараат свои под урнатините“,
додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.
Вознемиреност има и кај жителите на главниот град Загреб.
Телевизијата Н1 од Загреб известува дека во некои делови нема телефонски врски, а оневозможена е и смс комуникација. Некаде има и прекин на струја.
Н1 јавува и за оштетувања на зградата на Министерството за градежништво во Загреб, како и зградата на телевизијата.
Жителите на Загреб го напуштаат градот, а на излезите има голема гужва, јави Н1 од Хрватска.
За силината на потресот сведочат видеата што се објавуваат на социјалните мрежи.
Ова е трет по вчерашните два земјотреса што ја погодија Хрватска. Првиот со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала се случи околу 6:30 часот, а подоцна околу 7:50 часот, земјата повторно се тресеше со интензитет од 4,9 степени.