Хрватската Влада на денешната седница го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во земјата поради жртвите од вчерашниот силен земјотрес.
„За ова се консултирав и со претседателот на Републиката и претседателот на Саборот. И тие ја поддржуваат оваа одлука“,
изјави премиерот Андреј Пленковиќ на денешната владина седница, што ја почна со една минута молк за загинатите во земјотресот.
Во земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала загинаа седум луѓе.
Тлото во Хрватска не престанува да се тресе и денеска.