Од вкупниот број на активни случаи со ковид-19 кој изнесува 3 163, 367 пациенти се во болнички услови, од нив пак шест пациенти се на респираторна машина.
Според последните податоци на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.