Во Скопје, Куманово и Штип денеска има најмногу регистрирани нови случаи на ковид-19, но и најмногу оздравени. Според податоците на Министерството за здравство во изминатото деноноќие регистрирани се 141 случај на ковид од 1 848 тестирања.
Во главниот град потврдени се нови 48 слуачи, а оздравени се вкупно 37 пациенти. Според ова во Скопје остануваа 1 067 активни случаи на новиот коронавирус. Во Куманово денеска се потврдени 21 случаи, а 27 се оздрави, во моментов во овој град има 258 активни случаи.
Штип регистрира 15 нови случаи и 56 оздравени, со тоа бројката на активни случаи изнесува 301.
Во останатите градови од новите случаи потврдени во зиминатите 24 часа во Кавадарци има девет, по седум има во Битола и Виница, пет во Кичево, по четири случаи во Гостивар, Струмица, Кочани и Македонски Брод, три лица се потврдени во Свети Николе, по два во Дебар и Пробиштип, по еден во Прилеп, Струга, Гевгелија, Демир Хисар, Берово и Неготино.
Од вкупно 175 оздравени во последното деноноќие состојбата по градови е следна: Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7, Ресен-1.