Двајцата пациенти потврдени со ковид-19 починаа во изминатото деноноќие, информира Министерството за здравство.
Станува збор за 88-годишен пациент од Скопје починал во болнички услови и за 80-годишна пациентка од Кичево која починала вонболнички услови.
Од почетокот на епидемијата во земјава досега со ковид-19 се починати 532 пациенти. Според последните статистики на Министерството за здравство досега вкупно со ковид се дијагностицирани 12 357 пациенти, а бројката на оздравени пациенти е 8 662.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 163.