Поради ова, тој вчера нареди воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите вработени во услужниот сектор, како дел од борбата против драматичната епидемиолошка ситуација во рускиот главен град, а од 15 до 19 јуни е неработна недела
Ситуацијата со коронавирусот во Москва нагло се влоши, изјави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин на состанокот на президиумот на работната група за борба против коронавирусот.
„Се работи за неочекувана ситуација, бидејќи досега повеќе од 60 проценти од жителите на градот или прележале или се вакцинирани“,
изјавил тој, додавајќи дека станува збор за прилично голем број луѓе кои имаат имунитет.
„Очекувавме дека стапката ќе падне, а не да порасне“,
рече Собјанин.
Поради ова, тој вчера нареди воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите вработени во услужниот сектор, како дел од борбата против драматичната епидемиолошка ситуација во рускиот главен град.
Градоначалникот на Москва цела оваа недела ја прогласи за неработна поради зголемениот број заразени со коронавирусот.
Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 13 397 новозаразени и 396 смртни случаи од коронавирус. Во Москва има 5 782 заразени и 75 починати. Во моментов во Москва се хоспитализирани 12 000 лица.