Изборната кампања ќе трае само четири недели, а рокот за поднесување кандидатури е до 7 декември. И покрај тоа што до изборите останува еден месец, сè уште не се познати имињата на кандидатите на најголемите политички групации
Според најавите на Студентската листа , нивниот претседателски кандидат ќе биде објавен по распишувањето на изборите. Сепак, се уште е неизвесно дали Српската напредна партија воопшто ќе предложи кандидат. Вучиќ претходно изјави дека партијата не треба да учествува во претседателската трка, но не ја исклучи целосно таа можност
Претседателските избори во Србија ќе се одржат на 27 декември 2026 година. Одлуката за распишување на изборите ја потпиша новоизбраниот претседател на Народното собрание, Александар Чупиќ, еден ден пред истекот на последниот законски рок.

Изборната кампања ќе трае само четири недели, а рокот за поднесување кандидатури е до 7 декември. И покрај тоа што до изборите останува еден месец, сè уште не се познати имињата на кандидатите на најголемите политички групации.
„Се надевам дека ќе имаме тежок избор меѓу врвни кандидати и нивните програми“,
изјави Чупиќ по потпишувањето на одлуката.
Изборите ќе се одржат во политички чувствителен период, додека се очекува формирање влада предводена од Студентската листа, по нејзината победа над досега владејачката Српска напредна партија (СНС) на парламентарните избори на 25 октомври.
Коалицијата предводена од СНС освои 103 пратенички места, наспроти 140 мандати на Студентската листа.
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција на 27 септември, со цел да учествува на предвремените парламентарни избори одржани на 25 октомври.
Според најавите на Студентската листа , нивниот претседателски кандидат ќе биде објавен по распишувањето на изборите. Сепак, се уште е неизвесно дали Српската напредна партија воопшто ќе предложи кандидат. Вучиќ претходно изјави дека партијата не треба да учествува во претседателската трка, но не ја исклучи целосно таа можност.
Досега кандидатури најавиле или интерес за учество изразиле адвокатот и поранешен пратеник Бранко Павловиќ, поранешниот министер и директор на БИА, Александар Вулин, бизнисменот Боголјуб Кариќ и лекарот Бранимир Несторовиќ.
За претседателска кандидатура во Србија се потребни најмалку 10 000 заверени потписи од избирачи.
Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, ќе се одржи втор круг во кој ќе учествуваат двајцата кандидати со најголем број гласови.
