Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Русија се зголеми за 13 510, што е највисока дневна бројка од 15 февруари, соопшти денеска московскиот Кризен штаб
Поради наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирус, московскиот градоначалник, Сергеј Собјанин, денеска соопшти дека од 15 до 19 јуни вработените ќе бидат на платен одмор.
На својот официјален блог градоначалникот напиша дека од денеска започнува „долг неработен викенд од вкупно девет дена“, јави Тасс.
Собјанин објасни дека оваа одлука се однесува на компаниите и организациите од сите форми на сопственост, кои вообичаено не работат за време на викенд.
„Се разбира, ова не се однесува на компаниите што се клучни во функционирањето на градот, како и за организациите задолжени за безбедноста, одбранбените компании, Росатом, Роскосмос и некои други стратешки индустрии …“,
напиша Собјанин.
Московскиот градоначалник посочи дека сега е потребно барем да се намали стапката на ширење на инфекцијата, ако не може да се запре.
Рестораните, баровите, ноќните клубови и други вакви места до 20 јуни ќе се затвораат најдоцна до 23 часот.
Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Русија се зголеми за 13 510, што е највисока дневна бројка од 15 февруари, соопшти денеска московскиот Кризен штаб.