Новите олабавени мерки за движење донесоа видлива раздвиженост во центарот на Скопје. Сликата од ГТЦ, плоштадот, улицата „Македонија“ и околните паркови денеска многу малку се разликуваше од деновите пред воведувањето на рестрикциите.
Иако во ГТЦ најголем дел од продавниците не работат, има многу повеќе посетители за разлика од претходните денови. Главно се чекаат редови (иако не на дистанцата која се препорачува) пред поштата, банките, салоните на мобилните оператори, маркетите и аптеките.
Во паркот „Жена борец“ во непосредна близина, првпат по неколку недели, имаше посетители на клупите – она што ние го забележавме беше дека седеа најмногу по двајца (како што е и една од препораките).
Но, она што е генералната забелешка од нашата претпладневна обиколка низ центарот на Скопје е дека малкумина носеа задолжителни маски (или покривки за устата и носот) или ако ги носеа тие им висеа на ушите или под брадата.
*Поврзани вести
Казни од 20 евра за граѓаните што не носат маски, за фирмите по 2 000 евра