Со ова европратениците испраќаат јасен сигнал до Украина, но и до Русија, дека Киев има целосна поддршка од единственото демократски избрано тело во Европската Унија
Посебната седница на парламентот на ЕУ на која се расправа за конфликтот во Украина денеска започна со овации за амбасадорите на Украина, а пратениците застанаа на нозе и носеа маици со украинското знаме
Европратениците во огромно мнозинство ја поддржаа резолуцијата со која се бара да и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ на Украина, јави МИА од Брисел.
Резолуцијата е донесена со само 13 гласа против и 26 воздржани, додека 637 гласаа за на денешната вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент.
Со ова европратениците испраќаат јасен сигнал до Украина, но и до Русија, дека Киев има целосна поддршка од единственото демократски избрано тело во Европската Унија.
Претседателот на Европскиот Совет денеска побара Европската Комисија да изготви мислење за кандидатскиот статус на Украина во ЕУ. Бројни европратеници денеска порачаа дека е итно и Молдавија да го добие овој статус.
Конечната одлука за нови земји членки ја носи Советот на ЕУ, односно земјите членки.
До сега земјите од истокот на Европа не биле дел од процесот на проширување и на стабилизација и асоцијација. Европската Комисија ќе треба наскоро да се произнесе за иднината на Украина во ЕУ.
Посебната седница на парламентот на ЕУ на која се расправа за конфликтот во Украина денеска започна со овации за амбасадорите на Украина, а пратениците застанаа на нозе и носеа маици со украинското знаме.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, му се заблагодари на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се приклучи преку видеоповик.
Зеленски изјави дека сака од европратениците да слушнат дека го поддржуваат украинскиот проевропски избор.