Собранието денеска ги верификуваше мандатите на 118 пратеници во новиот парламентарен состав. Со верификувањето на мандатите на членовите на овој парламентарен состав, им престана мандатот на пратениците од претходниот
Техничкиот премиер Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието, на денешната конститутивна седница на новиот парламентарен состав најави дека ќе ја извршува оваа функција до изборот на новата влада и оти дотогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието.
Како што информираа од владината прес-служба, Џафери се повикал на Уставот, законите и досегашните пракси.
„Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата премиер на земјата до изборот на идната влада од овој владин состав. Со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, до изборот на идната влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби. Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите“,
рече Џафери во Собранието.
Собранието денеска ги верификуваше мандатите на 118 пратеници во новиот парламентарен состав. Со верификувањето на мандатите на членовите на овој парламентарен состав, им престана мандатот на пратениците од претходниот. Исто така, функцијата им престана и на новите пратеници кои се носители на други функции. На вкупно шест пратеници им прекинува функцијата во Владата, поради што таа ќе ги извршува само техничките функции до изборот на нова.
Африм Гаши денеска беше избран за претседател на Собранието. За изборот на Гаши за собраниски спикер „за“ гласаа 76 пратеници од присутните 82, „против“ беа шестмина, а воздржани немаше.
По изборот, Гаши ја даде и ја потпиша свечената изјава.