Референдумите кои се одржуваат во моментов на овие територии треба да завршат на 27 септември. Руските лидери речиси со сигурност се надеваат дека секоја најaва за присоединување ќе се смета за оправдување на `специјалната воена операција` и ќе ја консолидира патриотската поддршка за конфликтот“, велат последните разузнавачки податоци на британското министерство за обрана.
Претседателот Владимир Путин може да го искористи обраќањето во двата дома на рускиот парламент закажано за в петок да прогласи припојување на окупираните украински територии кон Русија, објави британското министерство за одбрана, пренесува „Гардијан“.

„Постои реална можност Путин да го искористи обраќањето за и формално да го објави припојувањето на окупираните региони на Украина кон Руската Федерација. Референдумите кои се одржуваат во моментов на овие територии треба да завршат на 27 септември. Руските лидери речиси со сигурност се надеваат дека секоја најaва за присоединување ќе се смета за оправдување на `специјалната воена операција` и ќе ја консолидира патриотската поддршка за конфликтот“,
велат последните разузнавачки податоци на британското министерство за обрана.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 27 September 2022
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) September 27, 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/xG1CgXqeKM
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/schw2ockbs
Референдумите во четирите украински региони под контрола на Русија – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон за пресоединување кон Русија почнаа во петокот, минатата недела, а денеска е последниот ден.
До понеделникот вечерта, излезноста на гласачите беше 86,89 отсто во Доњецк, 83,61 отсто во Луганск, 63,58 отсто во Херсонската област и 66,43 отсто во Запорожјската област, објави руската новинска агенција ТАСС.
Денеска е последниот ден на гласањето и единствен кога ќе се гласа на стационарни избирачки места, бидејќи теренската изборна комисија собираше гласови претходните четири дена.
Овие четири региони на истокот и југот на земјата претставуваат 15 отсто од вкупната територија на Украина и резултатите се сметаат за однапред одредени како увертира за анексијата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека обидите на Украина да ги врати териториите на Донбас по приклучувањето кон Русија ќе се сметаат за напади врз земјата во согласност со рускиот Устав.
Западот и Киев велат дека овие референдуми се незаконски, и остро ги осуди како обид за заземање украинска територија.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски упати порака до сите Украинци кои во моментов се наоѓаат на окупираните територии, порачувајќи им да направат се за да си го спасат животот и да помогнат во ослободувањето на земјата.
Лидерите на земјите од Г7 преку соопштение истакнаа дека тие никогаш нема да ги признаат овие референдуми, кои, како што велат, се чини дека се чекор кон руската анексија. Лидерите ги повикаа сите земји да ги отфрлат овие, како што ги нарекоа, лажни референдуми, кои се обид на Русија да ги прикрие прекршувањата на меѓународното право.
Осуда на референдумите и официјален став дека С Македонија нема да ги признае резулатите од нив стигна и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој вчера изјави дека „мора да се работи на објаснувањето на граѓаните кај нас за штетноста на руската агресија на Украина и што тоа значи за нашите национални интереси“.
Речиси истовремено со почетокот на реферндумите, рускиот претседател Путин минатата недела нареди и делумна мобилизација, поради што во земјата избувнаа демонстрации, а голем број Руси почнаа или се обидуваат да ја напуштат земјата.