Бугарската национална телевизија БНТ објави вест со фотографии од каменуваниот македонски културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград.

Телевизијата објави дека бугарската полиција трага по лицата што го скршија прозорецот на македонскиот клуб и дека вандалскиот чин бил извршен синоќа кога непознати лица фрлале камења кон локалот.

Клубот „Никола Вапцаров” беше отворен на 30 октомври минатата година во тензична атмосфера. Тој ден една од буквите на натписот беше излупена.


Денеска настанот го осудија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Побараа бугарските власти итно да ги најдат и да ги казнат сторителите.