Според наводите на полицијата, по претходна пријава од граѓани за фрлање отпад на јавно место на улицата „Хаџи Јован Шишко“ во скопско Шуто Оризари, утврдено е дека сторителот е извесен Е. А. (22), кому му е издаден прекршочен платен налог
Скопската полиција казни 22-годишник за фрлање кабаст отпад во скопско Шуто Оризари.

Според наводите на полицијата, по претходна пријава од граѓани за фрлање отпад на јавно место на улицата „Хаџи Јован Шишко“ во скопско Шуто Оризари, утврдено е дека сторителот е извесен Е. А. (22). На лицето му е издаден прекршочен платен налог согласно Законот за јавна чистота.
„Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, при Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера постапиле по претходна пријава за фрлање отпад на јавно место на улицата ‘Хаџи Јован Шишко’ во Скопје. При преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека се работи за Е. А. (22) од Скопје“,
наведуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во прилог на соопштението, од МВР приложија и видеоснимка од моментот кога лицето го фрла отпадот.
Пред неколку дена полицијата ја откри и ја санкционира жената што беше снимена како фрла отпад во Лепенец.
