На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа како непознато женско лице излегува од возило марка „порше“ на улицата „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец во Скопје, а потоа се упатува до оградата на мостот и оттаму фрла отпадоци во реката. На крајот, се свртува кон лицето што ја снима и му мавта
По документирањетп на случајот, на 38-годишната жена ѝ е издаден платен налог поради фрлање амбалажа на место што не е определено за таа намена, како и платен налог за непрописно паркирање возило на коловозна лента
Полицијата ја откри и ја санкционира жената што беше снимена како фрла отпад во реката Лепенец во Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), полицијата постапила по претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи, на кои се гледа како непознато женско лице излегува од возило марка „порше“ на улицата „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец во Скопје, а потоа се упатува до оградата на мостот и оттаму фрла отпадоци во реката. На крајот, се свртува кон лицето што ја снима и му мавта.
„По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето. Станува збор за 38-годишната М. И. Б. од Скопје, која денеска во 11:46 часот е повикана на службен разговор во Полициската станица од општа безбедност Карпош“,
се вели во полицискиот извештај.
По документирањето на случајот, на 38-годишната жена ѝ е издаден платен налог поради фрлање амбалажа на место што не е определено за таа намена, како и платен налог за непрописно паркирање на возило на коловозна лента.
