Шестиот пакет мерки на ЕУ против Русија треба да биде усвоен во наредните денови
Откако Европската Унија го најави шестиот пакет санкции против Русија, американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека САД секогаш се отворени за дополнителни санкции.
„Ќе разговарам со членките на Г7 оваа недела за тоа што треба или не треба да преземеме“, рече Бајден за новинарите во Белата куќа“,
изјави Бајден, а пренесува Си-ен-ен.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порано денеска предложи низа на мерки, вклучувајќи и забрана за руската нафта.
Шестиот пакет мерки треба да биде усвоен во наредните денови, а според зборовите на Фон дер Лајен, ќе опфати четири видови на санкции, а прво се очекува да биде ставање на крај на зависноста на ЕУ од руската нафта.
„Нема да биде лесно, но едноставно мораме тоа да го направиме“,
изјави таа, пренесе Би-би-си.
Некои земји членки пак, како Чешка, веќе најавија дека ќе побарааат да бидат исклучок од овие санкции, бидејќи не можат да се откажат од рускиот гас.