Пред централната свеченост Министерството за надворешни работи ќе одржи традиционален настан со дипломатскиот кор, со што ќе се одбележи почетокот на Деновите на НАТО во државата, кои ќе траат до 4 април
Централната свеченост по повод четири години од членството на Северна Македонија во НАТО ќе се одржи денеска на платото пред Министерството за одбрана, а ќе биде одбележан и Денот на Генералштабот.
На свеченоста ќе се обратат првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски.
Армиската гарда ќе ја изведе показната точка „Егзерцир“, а промовирани ќе бидат и две поштенски марки изработени по повод четири години од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.
Пред централната свеченост Министерството за надворешни работи ќе одржи традиционален настан со дипломатскиот кор, со што ќе се одбележи почетокот на Деновите на НАТО во државата, кои ќе траат до 4 април.
Владата вчера одржа свечена седница по повод годишнината од членството во НАТО.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес хотелот „Холидеј ин“ ќе одржи традиционален настан со дипломатскиот кор, со што ќе се одбележи почетокот на Деновите на НАТО во државава, кои ќе траат сѐ до 4 април.
С Македонија се приклучи и стана 30. членка на НАТО Алијансата на 27 март 2020 година.
Определбата за евроатланското интегрирање на земјата датира уште од 1993 година кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членство во НАТО и во ЕУ.