Четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а 17 се повредени во украински напади врз руската Белгородска област, соопшти регионалниот гувернер Александар Шуваев.
Според него, во изминатите 24 часа биле регистрирани 94 украински напади, при што биле погодени повеќе населени места. Во еден од нападите избувнал пожар во социјален објект и два магацина, но без човечки жртви.

Украина продолжува со напади врз логистичката инфраструктура во Русија. Од средината на јули, погодени се најмалку десетина магацини на компанијата „Вајлдберис“ во западниот дел на земјата.
Киев тврди дека овие објекти се легитимни воени цели бидејќи, според украинските власти, се користат за снабдување со компоненти за производство на беспилотни летала и навигациска опрема за руската армија. Кремљ ги отфрла овие обвинувања, наведувајќи дека платформата не се користи за воени набавки.
Гувернерот Шуваев додаде дека руската противвоздушна одбрана во изминатите 24 часа пресретнала 159 украински дронови над Белгородската област.
