Најголемата опозициска партија реагира на вчерашниот настап на премиерот велејќи дека Христијан Мицкоски го искористил најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот
СДСМ, преку писмено соопштение, го прашува премиерот што сакал да каже кога повикал на борба против омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија.

„Кој е тој талог според Мицкоски? Сите што не мислат како него.Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните талог на општеството, мочуриште, медиокритети и лешинари, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник. На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба. На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа“,
пишува во соопштението на СДСМ.
