Од вкупно 5 550 активни случаи на ковид-19 во земјава, речиси половината или 2 674 се во Скопје. И денеска новите дијагностицирани во изминатото деноноќие – 161, во најголем број се од Скопје – 90.
Аеродром со 534 активни случаи е на врвот на листата со најмногу заразени во Скопје, по него се Карпош – 446, Центар – 445, Кисела Вода – 320, Гази Баба – 280, Ѓорче Петров – 216, Чаир – 115 и Бутел – 111.
Активни случаи има и во Илинден – 36, Сопиште – 21, Петровец –17, Шуто Оризари – 16, Сарај – 16, Чучер Сандево – 9, Арачиново – 8, Зелениково – 8, Студеничани – 5, 12 се странци, а 59 се нераспределени.
Од новодијагностицираните, најмногу по 8 има Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров, во Аеродром и Центар по три, Бутел 4, и по еден нов случај во Сопиште, Шуто Оризари, Студеничани, Арачиново, Чучер Сандево и Петровец.