Починатите се на возраст од 41 до 86-годишна возраст, и тоа 7 се од Скопје и по еден од Струга (67 г.), од Тетово (85 г.), од Битола (68 г.), од Кавадарци (56 г.) и од Прилеп (63 г.), сите во болнички услови
Новите 161 случај на заразени се добиени од 771 тестирање
Дванаесет лица починале, а 161 нов случај на заразени се регистрирани во изминатите 24 часа во земјава, соопшти Министерството за здравство презентирајќи ја денешната статистика за состојбата со ковид-19.
Починатите се на возраст од 41 до 86-годишна возраст, и тоа 7 се од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82 г.), и по еден од Струга (67 г.), од Тетово (85 г.), од Битола (68 г.), од Кавадарци (56 г.) и од Прилеп (63 г.), сите во болнички услови.
Новите 161 случај на заразени се добиени од 771 тестирање, а најмногу се од Скопје-90, потоа од: Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2.
Со денешните бројки, вкупно дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата има 23 788, оздравени се 17 392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5 550.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 9 942, активни 2 674
• Куманово 1 986, активни 225
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1 446, активни 159
• Прилеп 931, активни 226
• Тетово 1 727, активни 288
• Струга 749, активни 75
• Велес 433, активни 97
• Битола 466, активни 151
• Охрид 510, активни 86
• Кавадарци 323, активни 85
• Гостивар 1 040, активни 104
• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 588, активни 358
• Крива Паланка 178, активни 62
• Радовиш 172, активни 70
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 569, активни 195
• Пробиштип 141, активни 20
• Демир Хисар 65, активни 4
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 53, активни 7
• Берово 170, активни 44
• Валандово 83, активни 47
• Виница 150, активни 49
• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 7
• Свети Николе 424, активни 58
• Кичево 418, активни 78
• Ресен 201, активни 38
• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 771 теста се преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-45, Биотек-29, Жан Митрев (Филип Втори) -158, Систина со PCR метода -154, Инфективна клиника-10, ГАК-7.
Досега во земјата се направени вкупно 221 782 тестирања на ковид-19.