Мицкоски појасни дека во моментов се преземаат сите потребни мерки, се испитуваат мострите од водата, и дека со случајот се занимава и Јавното обвинителство. Според него, јавноста многу скоро ќе биде информирана за деталите

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека сите надлежни институции се максимално ангажирани на терен и најави итна и строга одговорност за виновниците во врска со актуелната состојба со водата за пиење во Гостивар и енормниот број пациенти кои се јавиле со симптоми на стомачни тегоби.
Мицкоски појасни дека во моментов се преземаат сите потребни мерки, се испитуваат мострите од водата, и дека со случајот се занимава и Јавното обвинителство. Според него, јавноста многу скоро ќе биде информирана за деталите.
Премиерот изрази неверување од начинот на кој се постапувало во овој случај, карактеризирајќи го однесувањето како крајно дрско и несовесно.
„Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој што дал наредба тоа да се случи и се разбира дека ќе има одговорност. Нема така да помине случајот. Не можам да разберам како може некои луѓе така дрско и несовесно да се однесуваат. Просто е неверојатно како лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат на тоа. За мене ова се е шокантно и просто за неверување е сето ова што некој таму го направил“,
изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Општина Дебрца.
Тој порача дека штом институциите ќе ги утврдат пропустите и виновниците, целиот случај ќе добие правна разрешница, односно одговорноста ќе мора да биде констатирана во рамки на соодветни судски процеси.
Поврзани вести:
- Клековски: За 24 часа во гостиварската болница се примени 260 лица со стомачни проблеми, се испитуваат причините
- Во моментов нема докази дека стомачните тегоби кај гостиварци се предизвикани од водата од градскиот водовод – вели градоначалникот Лимани
- (ВИДЕО) 360° меѓу пациентите во гостиварската болница: Ова трае 3-4 дена, симптомите се тешки
- АХВ ја забрани водата за пиење во Гостивар, откриена е дива пумпа која од Вардар внесувала вода во системот
- СВР Тетово: Гостиварски „Водовод“ и Општината поставиле три пумпи во отпадни води за да го зголемат притисокот во мрежата
- Директорката на гостиварски „Комуналец“ контра МВР – спорните пумпи работеле кратко и тоа на 25 јуни
- Епидемија во Гостивар: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми
