„Синоќа се случи сериозен инцидент во кој беа повредени двајца граѓани, а целата одговорност е на Русија. Рускиот генерален конзул во Констанца е прогласен за ‘персона нон грата’, а конзулатот ќе биде затворен“, рече претседателот на Романија, Никусор Дан, по состанокот на Советот за национална безбедност
По состанокот на Советот за национална безбедност на Романија, претседателот Никушор Дан го прогласи за „персона нон грата“ рускиот конзул во југоисточниот романски крајбрежен град Констанца и му наложи да ја напушти земјата. Се очекува и затворање на Генералниот конзулат на Руската Федерација во овој град.

Одлуката следува откако руски дрон се урна врз станбена зграда во градот Галац во Источна Романија за време на синоќешниот напад на Москва врз Украина, при што со повреди се здобија две лица.
„Синоќа се случи сериозен инцидент во кој беа повредени двајца граѓани, а целата одговорност е на Русија. Рускиот генерален конзул во Констанца е прогласен за ‘персона нон грата’, а конзулатот ќе биде затворен“,
рече претседателот на Романија, Никусор Дан, по состанокот на Советот за национална безбедност.
Дан изјави дека дронот кој влезе во воздушниот простор на Романија бил еден од 43 дрона насочени кон Украина.
Тој додаде дека за инцидентот во Галац разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој го оцени за „најсериозниот безбедносен инцидент што се случил на романска територија од почетокот на агресивната војна на Русија против Украина“. Посочи дека е договорено Алијансата да премести дел од својата опрема за воздушна одбрана во Романија како привремено решение додека земјата не ги надгради своите домашни системи.
