Во инцидентот полесно се повредени две лица, меѓу кои и 14-годишно момче, а околу 70 жители се евакуирани од објектот. Поради безбедносни причини, сообраќајот во областа е ограничен
Романското Министерство за надворешни работи инцидентот го оцени како сериозна и неодговорна ескалација од страна на Русија. Од Букурешт соопштија дека за случајот е информиран генералниот секретар на НАТО, а воедно е побарано и забрзување на испораката на системи за одбрана од дронови
Според романското Министерство за одбрана, руски беспилотни летала досега 28 пати го нарушиле воздушниот простор на Романија откако Москва започна интензивни напади врз украинските пристаништа на Дунав
Две лица се повредени откако руски дрон се урна врз станбена зграда во градот Галац во Источна Романија за време на синоќешниот напад на Москва врз Украина, соопштија романските власти, а пренесува Си-ен-ен.
Според романското Министерство за одбрана, дронот влегол во романскиот воздушен простор и се урнал на покривот на станбена зграда во градот Галац, кој се наоѓа во близина на границите со Молдавија и Украина.

По ударот избувнал пожар, поради што на местото веднаш интервенирале службите за итни случаи.
Според информациите од романските служби, пожарот избувнал во стан на десеттиот кат од зградата.
Во инцидентот полесно се повредени две лица, меѓу кои и 14-годишно момче, а околу 70 жители се евакуирани од објектот. Поради безбедносни причини, сообраќајот во областа е ограничен.
Романската армија како реакција испрати два борбени авиони „Ф-16“ и еден хеликоптер, а до населението во пограничниот регион е испратено предупредување.
NATO has reacted to a Russian drone striking a residential building in Romania.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 29, 2026
"Early this morning, an apartment building in Romania was struck by a drone as Russia attacked Ukrainian infrastructure near the border. NATO Secretary General is in contact with the Romanian… https://t.co/d7MMbF6Mlg pic.twitter.com/EJbzQCcMk3
Романското Министерство за надворешни работи инцидентот го оцени како сериозна и неодговорна ескалација од страна на Русија. Од Букурешт соопштија дека за случајот е информиран генералниот секретар на НАТО, а воедно е побарано и забрзување на испораката на системи за одбрана од дронови.
Романија има граница со Украина долга околу 650 километри, а од почетокот на војната често се регистрираат падови на остатоци од беспилотни летала на романска територија, особено за време на нападите врз украинските пристаништа и регионот на Одеса.
На 25 април, беспилотно летало падна во рурална област во близина на Галац и оштети фарма. Тогаш, романскиот претседател Никушор Дан рече дека тоа е прв случај руски дрон да предизвика материјална штета на територијата на земјата.
🇷🇴 – ROMANIA
— NEXUSx (@Nexus_osintx) May 29, 2026
🔴 Another angle shows the moment a drone reportedly struck a residential building in Galați, Romania. https://t.co/CWSPX9yXmY pic.twitter.com/zKBsRW1XBe
Романија е членка и на НАТО и на Европската Унија, а инцидентот, како што пишиува Си-ен-ен, дополнително може да ги зголеми тензиите меѓу Алијансата и Москва.
Членките на НАТО, трансатлантскиот одбранбен сојуз предводен од САД, кој функционира според принципот дека напад врз една членка се смета за напад врз сите, сè почесто се соочуваат со инциденти поврзани со руски беспилотни летала и ракети што навлегуваат во нивниот воздушен простор или паѓаат на нивна територија.
Според романското Министерство за одбрана, руски беспилотни летала досега 28 пати го нарушиле воздушниот простор на Романија откако Москва започна интензивни напади врз украинските пристаништа на Дунав.
Во септември 2025 година, борбени авиони на НАТО соборија повеќе руски дронови кои навлегле во полскиот воздушен простор за време на руски напад врз соседна Украина. Тогаш Алијансата го осуди однесувањето на Москва како апсолутно опасно, оценувајќи дека ваквите инциденти ги подигаат тензиите на ново ниво.
