Последната средба меѓу двајцата лидери се одржа во комплексот Џонгнанхаи, каде што работат и живеат највисоките претставници на кинеската власт. За време на прошетката, Си му покажал на Трамп делови од историскиот комплекс, како и дрво старо речиси пет века
Како симболичен подарок, кинескиот претседател ветил и дека ќе му испрати семки од кинески рози кои Трамп ги забележал во градината на комплексот
Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши дводневната посета на Кина посветена на надминување на отворените прашања меѓу двете најголеми светски економии, пренесува Си-ен-ен.
Претседателскиот авион „Ер форс уан“ полета од меѓународниот аеродром во Пекинг по официјалната церемонија за испраќање на Трамп.

Пред да влезе во авионот, Трамп ја крена раката стегната во тупаница поздравувајќи ги присутните на аеродромот што мавтаа со американски и кинески знамиња.
Во текот на посетата, Трамп учествуваше на државен банкет, одржа билатерални разговори и посети повеќе историски локации заедно со кинескиот лидер Си Ѓинпинг.
По последната средба со Си Ѓинпинг, американскиот претседател упати пофални зборови за кинескиот лидер и за кинескиот народ, оценувајќи дека зад нив се неколку навистина одлични дена.
Воедно, Трамп најави и посета на Ѓинпинг на САД во септември.
Последната средба меѓу двајцата лидери се одржа во комплексот Џонгнанхаи, каде што работат и живеат највисоките претставници на кинеската власт. За време на прошетката Си му покажал на Трамп делови од историскиот комплекс, како и дрво старо речиси пет века.
Како симболичен подарок, кинескиот претседател ветил и дека ќе му испрати семки од кинески рози кои Трамп ги забележал во градината на комплексот.
Како што пренесуваат светските медиуми, на средбите Трамп и Ѓинпинг разговарале за војната во Иран, а двајцата се согласиле оти не сакаат Техеран да поседува нуклеарно оружје и дека Ормускиот Теснец треба да биде отворен за пловидба.
Трамп изјави и дека добил силно ветување од Си дека Кина нема да испорачува воена опрема на Иран, а што се однесува до Ормускиот Теснец, кинескиот претседател му рекол на својот американски колега дека доколку може со задоволство ќе помогне во решавање на ситуацијата со блокадата на виталниот поморски пат низ кој поминува една петтина од светската нафта и течен природен гас.
Исто така, Си потврдил, како што наведе Трамп, дека Кина сака да купува американска нафта и земјоделски производи, но без да наведе конкретни бројки.
