Македонските оператори околу 18 часот ги остварија најавите и го прекинаа реемитувањето на сите ТВ-програми, освен на националниот сервис МРТВ.
Ова е во знак на протест поради, како што велат наметнатите неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

„Ова е времен прекин на телевизиските програми во знак на протест. Причините се наметнатите неуставни обврски за одговорност од дејства кои не се во наша надлежност и контрола, како и неможност за регистрирање на странски ТВ канали на штета на нашата ТВ понуда. Доколку не се променат спорните измени на законската регулатива и Уредбата на Владата донесена на 29.5.2020, Ве известуваме дека од 8.8.2020 нема да бидеме во можност да реемитување ТВ програми преку нашата мрежа. Жалиме што сме принудени на ваков на чекор и се надеваме дека наскоро ќе се изнајде соодветно решение. Согласно обврските од Вашиот договор, ќе бидете обесштетени со соодветно намалување на месечната претплата“,
пушва во соопштението кое се појави на црните екрани кај корисниците на ТВ-мрежите од понудите на А1.
Ваквиот премин се очекува да трае еден час.
Операторите претходно реагираа дека со Законот им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои тие само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Реемитувањето на програмите и авторските права, според нив, е во согласност со ЕУ стандардите и веќе е регулирано со закон. Со Уредбата донесена во вонредната состојба која ја споменуваат, тие се жалат дека им се наметнува уште една обврска односно да ги пререгистрираат веќе регистрираните странски канали во рок од 60 дена.
Ваква најава за прекин на емитување на програмите имаше и во февруари од истите причини. Тогаш Македонската медиумска асоцијација во која членуваат петте домашни национални телевизии Алсат, Алфа, Канал 5, Сител и Телма ги обвини операторите дека сакале да промовираат пиратерија и дека доволно време да се подготват за имплементација на законот.
По средбата на премиерот Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, постигна беше согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.
