Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали, соопштија од Владата.
Во соопштението се наведува декана средбата е разговарано за сите аспекти на измените на Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги и констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.
Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок наканалите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.