Бизнисменот Лазим Дестани, кој е сопственик на компанијата „Еколог“, вели дека иако изминатите неколку дена неговото име се споменува како кандидат за премиер, тој нема никакви политички амбиции.

„Во оваа пригода, бидејќи моето име се споменува како кандидат за премиер, би сакал да посочам како што веќе кажав и претходно, дека покрај бизнисот останувам посветен и на филантропијата. Ангажман во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес ќе остане во полето на економскиот развој и претприемништвото, нешто на што работев во текот на целата мојата кариера“,
пишува Дестани.
Тој порачува дека би сакал по овие избори да се формира влада која ќе им служи на државата и на сите граѓани.
Шпекулациите за Дестани во јавноста се појави откако ДУИ почна со кампања за премиер Албанец.
Артан Груби од ДУИ, синоќа во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, рече дека немаат кандидат за премиер Албанец, туку дека почнуваат консултации со академската заедница за изнаоѓање на име.
Ваквата кампања и услов на ДУИ не наиде на позитивни реакции ниту кај македонските ниту кај албанските политички партии.
*Поврзани вести:
Заев: ДУИ со популистичката кампања „премиер Албанец“ ќе оди во опозиција
Мицкоски: Јас сум кандидат за премиер од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ нека го соопшти својот
АА: Ахмети зборува за премиер Албанец, а бојкотираше албански претседател и бегаше на 27 април
Касами смета дека ДУИ ја пушта идејата за премиер Албанец за да оправда зошто ќе оди во опозиција