Али Ахмети зборува за албански премиер, додека бојкотира албански претседател и бега од гласањето на албанскиот претседател на Собранието, реагираат од Алијансата на Албанците на Зијадин Села откако лидерот на ДУИ по повот 18 години од основањето на партијата порача дека е време за премиер Албанец.
Алијансата ги критикува Ахмети дека на 27 април 2017 избегал како кукавица бидејќи бил свесен за можните напади и нагласува дека токму гласот на Зијадин Села ја направила разликата, а не неговиот.
„Ако ДУИ ја исполнеше својата обврска кон граѓаните за сите дадени ветувања и ако беше искрена во идејата за албанско владеење а не консензуално, вие би го поддржале кандидатот за албански претседател на претседателските избори. Но, вие се одлучивте за консензуален претседател, а оваа поддршка беше само ваша политичка игра во замена за партиски интереси со цел да победите неколку општини на локалните избори што знаевте дека сте ги изгубиле“,
велат од Алијансата.
Денеска, велат од партијата на Села, ДУИ одбележува 18 години од неуспеси, неисполнети ветувања, коруптивни скандали, лаги и манипулации. Наместо да се докажат, тие во 18 години се воделе само од личните и партиските интереси.
„ДУИ нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните, а камо ли за легитимно претставување на волјата на народот. Вие ја изгубивте оваа легитимност со своите постапки, затоа што денес Албанците немаат соодветна застапеност, немаат еднаков третман, немаат иднина и немаат живот затоа што вашиот незаситен стомак сè уште продолжува да се заситува на штета на луѓето“,
велат од Алијансата за Албанците.