Меѓу починатите се 31-годишна пациентка од Гостивар и 43-годишен скопјанец. Во Ресен е регистриран првиот смртен случај, само неколку дена по појавата на заразата во овој град
Најмногу нови случаи повторно има во Скопје – 90, а во Тетово се регистрирани дури 45 во последното деноноќие
Рекорден број на заразени со коронавирус, како и починати, од почетокот на епидемијата, е регистриран во последното деноноќие.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, при што се регистрирани 196 нови случаи на ковид-19 и тоа во:
Скопје-90
Куманово-17
Штип-5
Прилеп-1
Тетово-45
Струга-8
Велес-1
Битола-4
Охрид-11
Гостивар-8
Крива Паланка-1
Пехчево-2
Свети Николе-1
Ресен-2
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти:
Скопје-3
Куманово-1
Штип-2
Прилеп-4
Велес-1
Починати се осум пациенти. Четири од Скопје и по еден од Струга, Охрид, Гостивар и Ресен, каде што првиот случај на коронавирус беше регистриран пред неколку дена.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.
Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.