Меѓу загинатите малолетници е и девојче родено во 2014 година, девојче со датум на раѓање во 2008 година и момче родено во 2007 година. Загинаа и тројца 20-годишници
Четворица малолетници се меѓу 14-те жртви во несреќата во Нови Сад.
Радио-телевизија Србија (РТС) вечерва ги објави идентитетите на сите 14 лица кои вчера загинаа по падот на натстрешницата на главната Железничка станица. Најмладата жртва е шестгодишно девојче – родено 2018 година.
Меѓу загинатитите е и девојче родено во 2014 година, а загинале и девојче со датум на раѓање во 2008 година и момче родено во 2007 година. Жртви во трагичната несреќа во Нови Сад се и тројца 20-годишници – девојка на возраст од 20 години, момче на 21-годишна возраст и 27-годишно момче.
Останатите загинати се – жена на вораст од 35 години, 45-годишниот македонски државјанин Васко Саздовски, 53-годишен маж, жена на 58 години, маж на возраст од 69 години, 76-годишна жена и 77-годишник.
Васко Саздовски, македонскиот државјанин кој загина во несреќата, бил научник во локалниот Институт „Биосенс“ во Нови Сад. Таму работел повеќе од една година, а речиси секој викенд се враќал во Македонија, каде што живее неговото семејство. На пат за Македонија тргнал и вчера, кога се случи трагедијата.