Вечерва, но и во текот на целиот ден, кај објектот на железничката станица граѓаните оставаат цвеќе, играчки и палат свеќи во чест на жртвите во несреќата. Дел од насобраните држат транспаренти со имињата на загинатите
Повеќе од илјада луѓе вечерва се собраа кај Железничката станица во Нови Сад, по вчерашната несреќа, во која, по пад на натстрешницата на објектот, загинаа 14 луѓе, меѓу кои и еден македонски државјанин.
Вечерва, но и во текот на целиот ден, кај објектот на железничката станица граѓаните оставаат цвеќе, играчки и палат свеќи во чест на жртвите во несреќата. Дел од насобраните држат транспаренти со имињата на загинатите.
На територијата на Србија денеска е прогласен Ден на жалост за смртта на 14 лица. Во Нови Сад, пак, градоначалникот Милан Ѓуриќ прогласи тридневна жалост.
Еден ден по уривањето на натстрешницата пред влезот на главната железничка станица Нови Сад, Вишото јавно обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани најмалку 20 лица.
Неколку часа по несреќата, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе бара политичка и кривична одговорност за случајот. Увери дека одговорните ќе бидат казнети.