И лани и сега се преземени чекори, треба и членовите на Одборот за доделување на наградата да поминат на Собрание. Тука беше проблемот лани, а сега немаме Собрание, објаснува министерот за образование
Министерот за образование Арбер Адеми изјави вечерва дека ме чувстува одговорност што и годинава, како и лани, не е доделена наградата „Гоце Делчев“, нагласувајќи дека МОН не се откажува од врачување на ова признание.
Адеми вели дека е чиста коинциденција тоа што и овој пат не е доделена оваа државна награда, како и дека тоа нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ.
-И лани и годинава се преземени чекори, треба и членовите на Комисијата да поминат на Собрание. Тука беше проблемот лани и затоа не беше доделена наградата. Сега немаме Собрание. Се надеваме час поскоро да имаме, дали преку избори или на каков било начин. Не се работи за откажување од наградата, чиста коинциденција е, нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ. Не чувствувам одговорност, ниту верувам дека има елементи на каква била одговорност. Напротив, ние учествуваме на разни настани поврзани со личности од историјата на државата и во овој правец сме ги преземале чекорите и неопходните активности како институција за да се додели наградат. Во овој правец, и во иднина ќе ги канализираме нашите активности“,
изјави Адеми во „Топ-тема“ на Телма.
Државната награда „Гоце Делчев“ се доделува за достигнувања во областа на сите науки. Како една од причините поради кои таа не беше доделена во последните две години се наведува блокадата со која се соочуваше Комисијата за избори и именувања во парламентот, каде што со месеци беа заглавени повеќе кадровски решенија, затоа што владечајките партии немаа контрола над мнозинзството во ова собраниско тело. Така не беше избран навреме ниту новиот Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев“ откако на претходниот му истече мандатот.