На 117 години од смртта на Гоце Делчев, премиерот Оливер Спасовски порача дека тој е лик кој треба да обединува и да сплотува.
„117 години по неговата трагична смрт, наша должност е да го продолжиме неговото дело и да го негуваме и почитуваме Гоце Делчев како лик кој сплотува, обединува и мотивира на борба за уште поголеми слободи и права и културен натпревар меѓу сите народи“,
посочува Спасовски потенцирајќи дека Делчев е светлото име кое ја означува борбата за слобода и за независна Македонија.