Вчера (среда, 22 април) имаше 931 активен случај за разлика од вторникот со 952, што е резултат на поголемиот број излекувани во последното деноноќие (48 лица) во споредба со новоинфицираните (28 лица)
Продолжи трендот на намалување на бројот на активни случаи на ковид-19 во Македонија. Трет ден по ред бројот на излекувани е поголем од бројот на новозаразени што резултира со помал број случаи што се уште се водат како инфицирани со новиот коронавирус.
Вчера (среда, 22 април) здравствените власти информираа за 28 новозаразени и во исто време за 48 „негативизирани“ или излекувани (6 се лекувале во болница и 42 во домашни услови). Со тоа бројот на активни случаи се симна на 931 за разлика од претходниот ден кога за активни се водеа 952 случаја.
Врвот на активни случаи досега беше регистриран во неделата (19 април) со 977 активни заразени. Оттогаш тој број се намалува.
*поврзана вест Нови 28 случаи на ковид-19, оздравени се 48 пациенти и еден е починат
Досега 272 случаи се водат како оздравени (25 од нив се здравствени работници), испишани од болница или со два негативни теста по домашното лекување.
Од регистрираните 56 смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (39-мина). Кај 43-ца (76,8%) се регистрирани коморбидитети.
*поврзана вест Пациент од Кичево по грешка заведен како позитивен на ковид-19, семејството бара одговорност