Уште еден случајна заболен со коронавирус меѓиу медицинскиот персонал на детската клиника. Заболена е медицинска сестра, потврди министерот за здравство, Венко Филипче.
„Точно е дека има уште една медицинска сестра од Детска клиника заболена со коронавирус. Има сомнение дека вирусот е донесен однадвор и во таа смисла разговаравме за поголемо скринирање особено на Одделот за онкологија. Таму ќе се направи тест практично на сите кои се сместени и на персоналот, бидејќи заболената медицинска сестра е од тој Оддел“,
рече Филипче.
Пред три дена беше потврдено дека на Детската клиника е дијагностициран лаборант со ковид-19, а четворицата со кои тој работел се во двонеделна изолација.