Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил во контрола на приватната клиника „Систина“ каде се прават тестови за коронавирус со кои се откриваат антителата, потврди денеска министерот Венко Филипче.
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше на увид, беа констатирани условите во лабораторијата и беше повторена препораката дека за секој тест што ги анализира антителата мора да се направи и тестот на самиот вирус односно антигенот заради тоа што само тоа ја дава дефинитивната слика за состојбата, односно дали некој пациент или граѓанин со симптоми е носител на вирусот или не“,
рече Филипче.
На оваа тема здравствените власти и во изминатиот период објаснуваа дека тестовите што откриваат антитела не го детектираат директно присуството на вирусот и затоа оние што се позитивни во „Систина“ мора да направат уште еден тест – антиген во Институтот за јавно здравје.
*Поврзани вести:
Здравство не знае колку од позитивните на тестовите во „Систина“ се потврдени од ИЈЗ
МЗ: Тестовите во „Систина“ се различни и тие што таму се позитивни мора да се тестираат и во ИЈЗ