Од партијата на Африм Гаши велат дека сите одлуки ќе бидат јавно обелоденети на прес-конференција по завршување на денешниот состанок
Алтернатива има тројца пратеници во Собранието – Африм Гаши, Хусни Исмаили и Сафије Садики Шаини. Четвртиот пратеник од оваа партија Скендер Реџепи дејствува независно во парламентот
Како ќе се постави Алтернатива откако премиерот Димитар Ковачевски вчера достави предлог до Собранието за разрешување на тројцата министри и двајцата заменици од оваа партија, а во исто време од СДСМ порачаа дека вратата за соработка со Алтернатива останува отворена?
Одговорoт на ова прашања би требало да се знае денеска по седницата на Централното собрание на партијата, закажано за 16 часот во партиското седиште во Тетово.
Од партијата на Африм Гаши велат дека сите одлуки ќе бидат јавно обелоденети на прес-конференција по завршување на денешниот состанок.
Според предлогот со кадровски решенија што премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието, Алтернатива би ги изгубила актуелните министерски позиции во два ресора – здравство и информатичко општество и администрација, а на нивно место би дошле кадри на Алијанса за Албанците (АА). Се предлага разрешување и на министерот без ресор задолжен за дијаспора, исто така, кадар на Алтернатива.
Иако Ковачевски предложи разрешување на кадрите на Алтернатива, без да ја почека нивната конечна одлука за останување или напуштање на владината коалиција, од СДСМ вчера му порачаа на Гаши дека вратата за соработка е отворена и понатаму.
Алтернатива има тројца пратеници во Собранието – Африм Гаши, Хусни Исмаили и Сафије Садики Шаини. Четвртиот пратеник од оваа партија Скендер Реџепи дејствува независно во парламентот.