По мене, се заборави на критериумите за квалитет на оценките што ги дава Советот на јавни обвинители и на програмата за работа, а сето тоа се елементи што ќе дадеа појасна слика за кој човек се работи, каква позадина има во својот професионален дел од работата. Така сликата ќе ни беше поцелосна, вели претседателката на ДКСК.
За нов шеф на ОЈО ГОКК на првите непосредни избори што се одржаа во понеделникот, беше избран гостиварскиот виш јавен обвинител, Ислам Абази, кого јавност го запозна откако беше избран на оваа важна и моќна функција, отколку пред изборите. Претходно единствено Абази, од четворицата кандидати не се појави во јавноста, ниту пак презентираше некаква програма.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска денеска изјави дека Комисијата има забелешки за начинот на кој се избираше новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), додавајќи дека не можат да кажат дали некој им наметнал на обвинителчите како да гласаат, но отсуството на, како што рече, некои критериуми остава простор за сомнеж дека имало некакво влијание.

За нов шеф на ОЈО ГОКК на првите непосредни избори што се одржаа во понеделникот, беше избран гостиварскиот виш јавен обвинител, Ислам Абази, кого јавност го запозна откако беше избран на оваа важна и моќна функција, отколку пред изборите. Претходно единствено Абази, од четворицата кандидати не се појави во јавноста, ниту пак презентираше некаква програма.
„Да се надеваме дека новиот шеф на Обвинителството ќе застане на патот на криминалот и корупцијата, меѓутоа секако имаме забелешки за начинот на кој се избираше“,
рече Ивановска.
Таа истакна дека отсекогаш се бараат некакви механизми за подобар избор и оти сега се дала шанса сите обвинители на демократски начин да гласаат за Јавен обвинител на ОЈО ГОКК.
„Тоа е во ред. Од друга страна, по мене, се заборави на критериумите за квалитет на оценките што ги дава Советот на јавни обвинители и на програмата за работа, а сето тоа се елементи што ќе дадеа појасна слика за кој човек се работи, каква позадина има во својот професионален дел од работата. Така сликата ќе ни беше поцелосна“,
изјави Ивановска.
Претседателката на Антикорупциска посочи дека не можат да кажат дали некој им наметнал на обвинителите како да гласаат, меѓутоа, како што рече, во отсуство на некои од критериумите се остава простор да помислат дека постоело некакво влијание.
„Во отсуство на сите овие работи што ги набројав, останаа сликите со блиски лица во партијата, што остава простор да веруваме дека постоело некакво влијание. Доколку е тој човек со интегритет може да се избори и да докаже дека е тој што ќе го среди Обвинителството. Всушност треба да му дадеме простор на човекот, но сликата до сега не е поволна. Тој треба да вложи многу повеќе енергија за да докаже дека има интегритет и има енергија да се избори со корупцијата“,
рече Ивановска.
Околу прашањето дали ДКСК ќе реагира на отсуството на критериуми што ги наведе, Ивановска рече дека тие прават антикорупциска проверка на легислативата и подготвиле некои забелешки во однос на Законот, но сега нема што да реагираат бидејќи се е по Закон.
„Но ќе реагираме во насока на подобрување на критериумите за избор на јавниот обвинител, на првиот човек во ова обвинителство, бидејќи тоа е клучно. Тоа треба да е пандан на нешто што беше СЈО, нешто што навистина треба да ги спроведе сите предмети кои се донесуваат на висока корупција. Треба нова енергија која ќе биде одлучна“,
порача Ивановска.
Дека моделот за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) покажа слабости, денеска оцени и министерот за правда, Никола Тупанчески, и најави негови измени во однос на построги правила и критериуми.
„Она што можеби во иднина треба да се преземе е дека тој модел не е доизграден и сметам дека доколку бидат додадени некои дополнителни критериуми во однос на изборот мислам дека би стигнале до подобри резултати и пообјективен избор“,
рече денеска Тупанчески.
Тупанчески рече дека времето ќе покаже дали обвинувањата за поврзаноста на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази со ДУИ имаат реална основа или не.
Коментарот на Тупанчески доаѓа откако вчера се појавија фотографии на Абази со функционери од ДУИ откако обвинителот тврдеше дека нема лични контакти со интегративците.
Обвинителот Абази вчера излезе на прес-конференција и тврдеше дека иако е соселанец со Али Ахмети, нема лични контакти со него или со друг функционер од ДУИ. Дружбите со функционери, според обвинителот, не се забранети, но се непристојни.
Абази на изборите имаше тројца противкандидати: Ермон Незири, Вилма Русковска и Деса Пауновска. Тој победи со 66 освоени гласа или само два повеќе од Незири.
Токму тоа што еден глас може да одлучи за тоа кој ќе биде нов шеф на ОЈО ГОКК и немањето втор круг гласање, се дел од размислувањата на Тупанчески за тоа во која насока треба да се движат измените.