„Честитки, Риши Сунак, што стана премиер и влезе во историјата како прв британски премиер со азиско потекло. Ториевците ја урнаа економијата, со ниски плати, високи цени и криза со трошоците за живот. На јавноста ѝ треба свеж старт и поглед кон иднината на Британија“, напиша Стармер на Твитер
Лидерот на опозициските лабуристи Кир Стармер му ја честиташе премиерската функција на Риши Сунак со која влезе во историјата како прв британски премиер со азиско потекло, но во честитката на Твитер ја навести и потребата од избори во земјата.
„Честитки, Риши Сунак, што стана премиер и влезе во историјата како прв британски премиер со азиско потекло. Ториевците ја урнаа економијата, со ниски плати, високи цени и криза со трошоците за живот. На јавноста и треба свеж старт и поглед кон иднината на Британија“,
напиша Стармер на Твитер.
Congratulations, Rishi Sunak, on becoming Prime Minister and making history as the first British Asian PM.
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) October 25, 2022
The Tories have crashed the economy, with low wages, high prices and a cost of living crisis.
The public needs a fresh start and a say on Britain’s future.
Во соопштение на лабуристичката влада во сенка, како што пренесува Би-би-си, Стармер рекол дека Сунак „целиот свој живот водел само една изборна битка за лидерство и „беше прегазен“ од Лиз Трас.
„И не е ни чудо што тој не сака да се бори на општи избори“,
рекол лидерот на лабуристите.
Риши Сунак денеска и официјално стана нов пример на Велика Британија, по аудиенцијата кај кралот Чарлс Трети на која и формално го доби мандатот за состав на новата влада на Обединетото кралство.
Сунак во својот прв премиерски говор пред Даунинг стрит 10 истакна дека врвот на својата владина агенда ќе ги стави економската стабилност и довербата, но и дека тоа значи оти ќе се носат тешки одлуки.
Сега на ред е составувањето на владиниот кабинет.
Како што пренесе Би-би-си, тројца министри во британската влада денеска поднесоа оставки, неколку часа откако Сунак, новиот лидер на Конзервативната партија, стана премиер.
Сега кога се очекува тој да почне да именува членови на новата влада, оставка поднесоа министерот за правда Брендон Луис, министерот за економија и енергетика Џејкоб Риз-Мог и министерката за труд Клои Смит.
Денеска пред инаугурацијата на Сунак, Би-би-си се осврна на прашањето за составот на идниот кабинет на новиот британски премиер, за кој сè уште нема потврда кој ќе биде во него.
Се очекува Џереми Хант да остане во Министерството за здравство за да се обезбеди одредена стабилност на владата, а како што наведе британскиот национален сервис, тој ќе сака да донесе и некој од неговите сојузници кои го поддржуваа во текот на летото, односно луѓе како Доминик Раб.
По хаотичниот шестнеделен премиерски мандат на Лиз Трас, Конзервативната партија настојува да се консолидира и да го запре падот на нејзината популарност.
Риши Сунак е 57. премиер на Велика Британија. Првиот што има азиски корени, еден од најбогатите премиери досега, но и најмладиот што го имала оваа земја уште од 1812 година.