Радев изрази надеж дека ќе има напредок во оваа насока, но тоа, зависи од одлуката на европските институции, како и на С Македонија да ги упатат соодветните барања, за што, вели, Бугарија веќе помага. Toj рече дека Бугарија веќе има формирано заедничка работна група со земјава
Преостанатите политички разговори меѓу двете земји, според Радев, се одвиваат во нормална атмосфера на меѓусебно почитување и пријателство. Тој наведе дека е многу важно земјава да се разбере дека спроведувањето на билатералните обврски треба да продолжи што е можно поскоро
Бугарија е главен извозник на електрична енергија во регионот и е подготвена да го зголеми својот извоз во Република Северна Македонија во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство, како и интересот на бугарските граѓани и бизниси, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев , јавува дописникот на МИА од Софија.

Изјавата на Радев доаѓа еден ден по неговата средба со претседателот, Стево Пендаровски и трилатералната средба што двајцата претседатели ја имаа со претседателката на Европската комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен.
Бугарскиот претседател изјави дека заедно со Пендаровски и со претседателката на ЕК, Фон дер Лајен разговарале за можностите ЕУ финансиски да ги поддржи можностите на С Македонија за да се избегне евентуална ликвидносна криза во зима во однос на снабдувањето со електрична енергија во земјава.
Радев изрази надеж дека ќе има напредок во оваа насока, но тоа, зависи од одлуката на европските институции, како и на С Македонија да ги упатат соодветните барања, за што, вели, Бугарија веќе помага. Тој рече дека Бугарија веќе има формирано заедничка работна група со земјава.
Преостанатите политички разговори меѓу двете земји, според Радев, се одвиваат во нормална атмосфера на меѓусебно почитување и пријателство. Тој наведе дека е многу важно земјава да се разбере дека спроведувањето на билатералните обврски треба да продолжи што е можно поскоро.
„Тоа е гаранцијата за забрзување на европската интеграција за Република Северна Македонија“,
рече Радев и потсети дека вистинските преговори за нејзино членство согласно преговарачката рамка не се започнати, а ќе почнат, кога земјата ќе ги вклучи Бугарите во својот Устав.
Бугарискиот претседател истакна дека треба да се решат сите прашања што се одложуваат долги години и оти е „неизбежен разговорот за заедничката историја со Република Северна Македонија“.
„Очекувам државниците во нашата пријателска земја да покажат политичка мудрост и да ја градат европската иднина на Република Северна Македонија ослободена од идеологиите на минатото“,
вели бугарскиот претседател.
За време на престојот во Софија, вчера, по повод официјалното пуштање во комерцијална употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ), Пендаровски имаше средби со претседателката на ЕК Фон дер Лајен и со бугарскиот претседател Радев, на кои главни теми беа актуелната енергетска криза и очекувањата за помош од ЕУ во справувањето со неа.
Претседателот Стево Пендаровски, на брифинг со новинарите вчера во Софија по завршувањето на официјалниот дел од церемонијата за старт на интеконекторот меѓу Грција и Бугарија, рече дека побарал конкретна помош од Европската Унија во надминување на енергетската криза.
На средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а потоа и на трилатералниот состанок на кој присуствуваше и бугарскиот претседател Румен Радев, Пендаровски побарал да се најде начин ЕУ да ја покрие разликата помеѓу цената на струјата што ја бара Бугарија и цената што Северна Македонија може да ја плати. Само на тој начин, рече шефот на државата, може успешно да се реализира начелниот договорот постигнат меѓу Скопје и Софија на почетокот на минатиот месец.
Инаку, во Бугарија денеска се оддржуваат нови предвремени парламентарни избори, четврти во последните 18 месеци.