Бугарскиот парламент едногласно гласаше да биде прогласена вонредна состојба во земјата до 13 април за да се спречи ширењето на коронавирусот.
“Оваа состојба ни е потребна за сите недисциплинирани луѓе кои ги прекршуваат забраните“,
изјави премиерот Бојко Борисов пред гласањето во Парламентот.
Борисов најави и ребаланс на буџетот за 2020 година за финансиска поддршка на здравствениот систем.
За време на вонредната состојба, патувањето до и од земји со голем процент на заразени ќе биде забрането, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени, а полицијата ќе интервенира во изолацијата на заразените лица.
Вонредната состојба доаѓа откако бројот на новорегистрирани случаи со коронавирусот се искачи на 23, а едно лице го загуби животот.