Жена заболена од коронавирусот попладнево почина во болница во Софија, Бугарија.
Шеесет и шест годишната пациентка била хоспитализирана во болницата „Пирогов“ со тешка пневмонија, а обидите на докторите да ја спасат со реанимација биле безуспешни.
Претходно жената имала и хронични кардиоваскуларни проблеми и операција на срцето.
Во моментов во истата болница се бори за живот и 77-годишен маж, чиј тест бил позитивен на коронавирус.
Инаку, прва жртва од коронавирусот денеска е регистрирана и во Албанија. Станува збор за седумдесет и тригодишна жена која по една недела боледување починала во болница во Драч.
Поврзани вести:
Прва жртва од коронавирус во Албанија