Пред да дојде во болница, 73-годишната жена која имала повеќе хронични болести присуствувала и на погреб, каде што имала контакт и со други луѓе
Седумдесет и тригодишна жена е првата жртва на коронавирусот во Албанија.
Таа се вратила од Италија пред 10 дена, по што, откако се пожалила на здравствени проблеми, била згрижена во болница во Драч.
Пациентката боледувалa и од други болести, кои дополнително ѝ ја влошиле здравствената состојба. Жената била примена во болница во Драч пред седум дена, но лекарите констатирале дека е заболена од коронавирус дури вчера.
Во моментот кога била хоспитализиранa таа не им кажала на лекарите дека се вратила од Италија. Првично била третирана од пневмонија, а при тестирање било откриено дека има коронавирус.
Пред да дојде во болница, жената присуствувала и на погреб, каде што имала контакт и со други луѓе.
Досега се земени примероци од 30 лекари и медицински сестри од болницата во Драч, каде што се вршат тестови за коронавирус на Институтот за јавно здравје.
Вкупниот број на луѓе заболени од коронавирус во Албанија засега е 12.