Комисијата изразува надеж дека во духот на православната етика и љубов ќе бидат надминати и другите споредни прашања во разговори со сестринските православни цркви
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денеска испрати честитки до православните верници и до архиепископот охридски и накедонски г.г. Стефан и целата Македонската православна црква-Охридската архиепископија, за одлуката на Вселенска патријаршија со која се признава и прима во канонско единство нашата света Македонската православна црква-Охридската архиепископија.
„Долгоочекуваната одлука на Вселенскиот патријарх е конечна правда за нашата црква, која никогаш ништо што не ѝ следува не посакуваше, беше пример за кроткост и христијански етос, трпеше, но не нанесуваше неправди. Ова е признание дека никогаш и не сме имале црковен, уште помалку духовен проблем, туку административни недоразбирања. Благодарност до неговата сесветост бселенскиот патријарх Вартоломеј за татковската грижа за православието. Благодарност за многуте генерации на државни и црковни власти кои имаат оставено свој придонес во процесот на разрешување на македонското црковно прашање“,
се вели во соопштението.
Комисијата изразува надеж дека во духот на православната етика и љубов ќе бидат надминати и другите споредни прашања во разговори со сестринските православни цркви.
„Државата ќе продолжи да ги помага сите напори на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во насока на препознавање и зачувување на македонската црковна автокефалност“,
велат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
*Повеќе вести поврзани со темата:
- Вселенската патријаршија ја призна нашата црква Охридска архиепископија за канонска
- Веќе не сме расколници: Како понатаму до автокефалност на Охридска архиепископија?
- Пендаровски со честитка до МПЦ: Вселенската патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби и го отвори просторот за градење духовно единство
- Ковачевски: Одлуката на Вселенската Патријаршија е најважниот чекор, нашата црква е во заедница со сите православни цркви
- Мицкоски: Признавањето на Охридската архиепископија е потврда и за идентитетот на македонскиот народ
- Реакција од Москва: Признаваме само канонски права на Српската црква во Македонија
- Реакции во Грција по одлуката на Вселенската патријаршија: Крај на повеќегодишната перипетија на шизматичката црква, која се врати во рамките на канонската православна црква
- Средба на Ковачевски со г.г. Стефан: Историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на МПЦ, наследничка на древната ОА
- МПЦ-ОА му се заблагодари на Вартоломеј и најави продолжување на разговорите со СПЦ