Од следната недела, ќе биде отворен огласот за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, наменето за житни култури, односно за пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Со овој оглас се ставаат на располагање на земјоделците, вкупно 6.000 хектари плодна земја
Владата тврди дека прави максимални напори да го зголеми домашното производство на основни суровини на храна, но и да ги обезбеди потребните количини од увоз. Оттаму велат дека мерките се преземаат во услови на една од најголемите светски кризи во поновата историја. Според Владата, мерките треба да овозможат навремено снабдување со потребните основни суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјал и зелена нафта.
„За да го зајакнеме домашното земјоделство со пакет мерки предвидени со ‘Националниот план за производство на храна’, којшто веќе се имплементира, ги поттикнуваме земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури. Целта е со оваа поддршка да се справиме со светската криза, но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна. Ги информираме земјоделците дека имаат државна помош и поддршка за производство на стратешките земјоделски суровини како на пример сончогледот. Субвенција за хектар сончоглед е 15.000 денари. Секој што ќе произведуваа ќе добие ѓубриво од 2.500 денари од државата на неделна основа и 2.119 денари за зелена нафта. За приноси над 1,5 тон сончоглед предвидена е дополнителна поддршка од 100 евра. Даваме силна поддршка и на договорното производство на сончоглед, што е важно за земјоделците да имаат сигурен пласман, а индустријата суровина“,
велат оттаму.
Од следната недела, ќе биде отворен огласот за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, наменето за житни култури, односно за пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Со овој оглас се ставаат на располагање на земјоделците, вкупно 6.000 хектари плодна земја.
Од Владата потсетуваат дека во континуирани преговори со српската Влада, Србија дозволила извоз на два милиона литри масло за јадење, доволни да се покријат потребите за еден месец.
„Остануваме во постојана и интензивна комуникација со српските власти и доколку има потреба ќе се испорачуваат и дополнителни количини масло за јадење, и очекуваме нова одлука“,
наведуваат од Владата.