„Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отворен Балкан“. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката и да почне реализацијата на договорите“, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски информира оти Србија на вчерашната владина седница донела одлука со која се крева рампата за извоз на два милиона литри масло за јадење во земјава, а според направените проценки, таа количина ќе биде доволна за еден месец.
„Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отворен Балкан“. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите“,
соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Можно е, како што објасни министерот, доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Посочи оти состојбите се следат, а комуникацијата со српските власти е континуирана.
Како што нагласи Николовски, направени се увиди и е утврдено оти во земјава има доволно храна, брашно и масло за јадење и оти нема потреба да се складираат резерви.
„Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавува два или трипати повеќе масло за јадење говори дека домаќинствата непотребно складираат“,
рече Ниоловски.
Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обезбедување доволно суровини и стратегиски производи за државата.