Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, обвинил и дека загинатите цивили трпеле нечовечки третман од страна на руските сили
Мртви тела на цивили во Буча со недели лежат на улиците, и покрај тврдењата на руската војска дека убиствата се случиле откако нивните трупи го напуштиле градот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Анализата на сателитските снимки пред и по што ги направил „Њујорк тајмс“ покажуваат дека дел од телата на убиените се наоѓаат таму повеќе од три недели, односно во периодот кога руските сили го контролирале и тој регион.
Но, без разлика на тврдењата на Западот, руските власти и натаму велат дека станува збор за пропаганда на непријателската страна и нагласуваат дека и тие имаат докази кои покажуваат дека Западот лаже, а кои најавија дека ќе ги презентираат советот на Обединети нации.
Што се случи во Буча?
Тела на најмалку 20 цивили се најдени расфрлени по улица во градот Буча, северозападно од Киев, набргу по повлекувањето на руските сили од таа област.
„Тројца од загинатите биле велосипедисти, во кои е пукано откако го извозеле својот последен круг, а други паднале покрај автомобили и се погодени со куршуми“,
пренесуваат новинари на агенцијата АФП, кои пристапиле во градот дури откако тој беше отсечен од остатокот на Украина речиси еден месец.
Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, обвинил и дека загинатите цивили трпеле нечовечки третман од страна на руските сили.
„Во улица ‘Јанблушка’ во Буча се нижат мртви тела на застреланите. Рацете им беа врзани зад грб со бели крпи, а беа стрелани во врат. Па само да си замислите какво беззаконие се случуваше овде“,
рекол Федорук за украинските медиуми.