Според неговите зборови, „со помош на активната поддршка на активните западни спонзори на киевски режим во медиумите почнале да се шират дезинформации за наводни свирепи убиства на вооружени руски сили во Буча“
Русија пред Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН) ќе прикаже докази кои потврдуваат дека изјавите на Западот за Буча се лага, изјави претставникот на Русија при ОН, Василиј Небензја.
Според неговите зборови, руската војска никогаш не нападнала цивилно население.
„Имаме реално докази кои тоа го потврдуваат. Имаме намера да ги прикажеме пред Советот за безбедност со цел меѓународната заедница да не се доведе до заблуда со лажна приказна за Киев и неговите западни спонзори“, изјави Небензја.
Тој нагласил и дека виде-материјалите се „изрежирани“.
Според неговите зборови, „со помош на активната поддршка на активните западни спонзори на киевски режим во медиумите почнале да се шират дезинформации за наводни свирепи убиства на вооружени руски сили во Буча“.
„Од самиот почеток беше јасно дека се работи за уште една монтирана провокација која има за цел да ги дискредитира руските вооружени сили и да врши политички притисок врз Русија“,
додал Небензја.