Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот Фејсбук профил објави телефонски броеви на кои може да се пријават сите сомнителни случаи налик на коронавирус.
Како што може да се види од листата, се работи за 14 телефонски броеви со кои се покрива територијата на целата држава и се поделени на повеќе региони. Во објаснувањето Филипче наведува дека на овие телефонски броеви можат да се јават и сите оние кои пристигнуваат на територијата на земјава, а се сомневаат на одредени симптоми.

Оваа мерка е уште една во низата кои од вчера се применуваат во земјава, а се во насока на засилена заштита од евентуална појава на коронавирусот, кој веќе е регистриран во регионот, во Хрватска.
Двата сомнителни случаи кои вчеравечер и денеска се тестираа на Инфективната клиника се покажаа како негативни на ова заболување.